427 починати од Ковид-19 во само едно деноноќие во Италија

5.322 новозаболени пријави денеска Италија а уште позагрижувачки е бројот на починати, за само 24 часа коронавирусот во земјата однесе 427 животи. Вкупниот број на заболени во Италија надмина 41.000 од кои 3.405 лица починаа.

Со денешните потврдени смртни случаи бројот на починати, Италија ја надмина Кина. Од почетокот на епидемијата до сега во Кина починаа 3.425 лица.

Бројот на починати во Италија се очекува да продолжи да се зголемува затоа што во моментов во земјата има 2.498 заболени во критична состојба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ