
Терористички напад во Нов Зеланд
49 лица загинаа а уште 20 беа повредени кога 28 годишен австралиец со огнено оружје и импровизирани експлозивни направи нападна две џамии во Красјчрч на Нов Зеланд. Австралиецот Брентон Тарант застрела 41 лице во џамијата Ал Нур и 8 други во џамијата Линвуд и сето тоа го пренесувал во живо на фејсбук, пред да биде неутрализиран и уапсен.
- Јасно е дека ова може да биде опишано само како терористички напад. Од тоа што го знаеме, се чини дека бил добро испланиран, изјави Јасинда Ардерн – Премиерка на Нов Зеланд.
Покрај него уапсени се три лица, кои се сомничат дека му помогнале во извршувањето на грозоморниот чин. Нападот во неговата подготовка и извршување многу наликува на норвешкиот Брејвик кој во 2011 уби 77 лица во Осло. Како и Брејвик, Тарант објави манифест, кој иако многу пократок од 1.500 страници на Брејвик, опишува идентични чуства и политички погледи на извршителот. И токму од Европа, која преживеала многу терористички напади, Франција и Германија особено, пристигнаа првите сочуства.
- Тоа е земја која е географски многу оддалечена, веројатно не можете да најдеме географски по оддалечено место на светот, но тоа е земја која ни е блиска поради многу различни причини, најмногу поради културата и вредностите, рече Федерика Могерини – Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Виедоснимката која во живо одеше паралелно со нападот, е тргната од Фејсбук, објави медиумскиот гигант. Австралиските власти побараа од граѓаните а и од медиумите, да не ја споделуваат снимката на која се гледа како Тарант, прво вози автомобил полн со огнено оружје а потоа и како безмилосно ги коси верниците во џамијата.
- Почна во главната просторија затоа што убиецот мора да влегол прегу ходникот. Јас бев во споредната просторија и не видов кој пука, но видов луѓе како бегаат преку просторијата во која бев и исто така видов крвави луѓе и луѓе кои куцаа и тогаш сфатив дека ова е многу сериозно, сведочи преживеаниот Фарид Ахмед.
Австралискиот премиер Скот Морисон потврди дека напаѓачот е австралиски државјанин, но и дека станува збор за екстремно десничарски терорист. На неговите профили на социјланите мрежи Трентон го објавил својот манифест, во кој покрај расистичките и антиимигрантски ставови, ги посочува и џамиите кои подоцна ги нападна. Вниманието на јавноста беше привлечено од повеќе детали кои се забележуваат во видеото. Целата негова опрема, оружје и муниција е испишана со имиња и настани од кои Трентон црпел инспирација за да го изврши делото, од познати ултрадесничарски политичари до српски националисти и познати јутјуб стримери на компјутерски игри.
Игор Трајков