
33 турски војници загинаа во сириски воздушен напад, Анкара одговара со ослободување на бегалците
Најмалку 33-ца турски војници загинаа во воздушниот напад изведен од страна на сириските владини сили во провинцијата Идлиб на северозападниот дел од земјата. Ова е најголем број на загуби за турските сили, кои ги претрпеле во еден ден уште од првата интервенција во Сирија во 2016 година и во исто време претставува сериозна ескалација во директниот конфликт помеѓу Турција и сириските сили подржани од Русија. Сириските власти воошто не го коментираа нападот, но Москва соопшти дека турските сили оперирале заедно со џихадистички групи во моментот на сирискиот воздушен напад и руската команда, која ги координира операциите соопшти дека не биле известени за турски единици во областа Бехун.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одржа итен состанок на највисоко ниво, турската армија во Сирија започна со воздушни и копнени напади врз сите познати позиции на владините сили во Идлиб.
Пред сирискиот напад, руска делегација два дена разговараше со турските власти во Анкара за ситуацијата во Идлиб, каде по турската офанзива минатата година Ердоган побара создавање безбедносна зона и враќање на 3,6-те милиони сириски бегалци кои во моментов се на туркса територија. Анкара повторно се закани дека ќе ги отвори границите за бегалците да продолжат кон Европа затоа што повеќе не може да ги задржува. Турските медиуму објавија дека групи бегалци веќе се упатиле кон границата со Грција или се собираат на плажите во близина на грчките острови.
Доаѓаме од Истанбул и нашата крајна цел е Германија. Со нас има Сиријци, Алжирци, Палестинци, има луѓе од сите држави.“
По нападот во Идлиб НАТО алијансата соопшти дека Анкара побарала итен состанок на Северноатланскиот совет за ситуацијата во Сирија, додека руските медиуми објавија, за сега непотврдени инфомации дека Москва испраќа дополнителни два борбени бродови кон Сирија.
Игор Трајков