
25 мртви во автобуска несреќа во Перу
25 мртви во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Перу при која автобус падна од гребен од височина од 200 метри.
Началникот на сообраќајната полиција Дино Ескудеро изјави дека во несреќата се повредени 20 лица и дополни дека нема информации колку точно луѓе се наоѓале во автобусот.
Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.