
25 години од геноцидот во Руанда
Пред 25 години во Руанда беа уништени 800.000 животи. На 6 април во 1994-та почна еден од најужаните геноциди во поновата историја. Претседателот Жувенал Хабијаримана, припадник на Хуту народот, беше убиен во авион. За овој чин беа обвинети бунтовниците од Патриотски Фронт, но тие беа од малцинството Тутси. Од тој ден почна добро организирана кампања на колеж, на новоформираната милиција и беше давана листа со жртви од Тутсите кои најчесто беа заклани со мачети. Беа охрабрувани и преку медиумите, а владата не стори ништо за да се спречи колежот кој траеше 100 дена. Секој ден се убиваа по 10 илјади луѓе, за по три месеци 70% од Тутсите да бидат уништени. Напаѓачите влегуваа во црквите и училиштата и колеа се што беше пред нив, но не изостанаа и силувањата на многу ќерки и мали девојчиња.
- Додека баравме безбедно место во црквата, ме фати еден од полицајците, го зема моето деветмесечно бебе кое го носев на грбот и го исече на два дела. Додека се борев да си го спасам детето, ми ја исекоа раката, лицето и ме удри двапати по главата. После еден од нив ме прободе со меч од левото рамо низ градата и ме остави да умрам, сведочи Елис Мукаруринда, преживеана.
Овој ужас заврши во јули истата година кога Патриотскиот фронт на Руанда се организираше и ја презеде контролата врз државата. А претседателот Пол Кагаме кој го предводеше фронтот, успеа да го спречи геноцидот. По четврт век, дел од убијците и жртвите живеат заедно како соседи во т.н. села кои беа создадени за помирување. Целта на политиката на Кагаме беше да се ресоцијализираат убијците кои јавно се извинија за злосторот.
- Кога почна геноцидот, се придружив кон Интерахамве за да ги уништиме Тутсите. Учествував во убиството не нејзиниот сопруг. Кога ме уапсија и затворија, и напишав писмо и барав да ми прости. Не беше само писмото, туку и лично ја посетив и и се извинив за убиството на нејзиниот сопруг. Подоцна, таа го прифати моето извинување, вели Тасиан Нкундие, поранеше член на ИНТЕРАХАМВЕ милицијата.
- Помина времето и одлучивме да им простиме бидејќи се извинија за геноцидот. За неговиот случај, тој волонираше да ни покаже каде го закопали мојот сопруг, Нормално, ако не простите, нема и да заборавите, вели сопругата на убиениот.
Но за голем дел од преживеаните, сеќавањата не се избледени. Не чувствуваат дека минале 25 години, се уште ги носат лузните од тие денови и ги сонуваат хорорите кога беа силувани 250.000 жени, и се родија 20.000 деца. Овие жени денеска се борат да им објаснат на тие деца зошто немаат баби, дедовци, тетки…Некои од нив научиле да ги сакаат и почитуваат своите ќерки и синови, но многу побараа утеха во црквата, каде се обидуваат да простат во надеж дека ќе се излечат.
Денеска во Руанда е забрането да се зборува за етничка поделеност. А посебно се апелира на родовата еднаквост, па така половина од владиниот кабинет го раководат жените.
Алиса Шутиноска