Вработените во „Гугл“ на протест

Вработените во Гугл за денеска најавија серија на протести во цел свет, поради начинот на кој компанијата ги третира жените. Бараат измени во однос на тоа како раководството ги прифаќа обвинувањата за сексуална злоупотреба, како и тоа да се стави крај на присилната спогодба, со што на жртвите ќе им се овозможи да тужат. Извршниот директор на Гугл, ги поддржува вработените да преземат акција. „Го разбирам гневот и разочарувањето кај многумина од вас, напиша тој во групната електронска порака испратена до сите вработени. И јас се чувствувам лошо и сум целосно посветен да се подобри ова прашање кое трае премногу долго во нашето општество, и да и во фирмата Гугл“, пишува директорот Сундар Пичаи.

 Овој протест, кој медиумите го оценуваат како без преседан, треба да започне во 11 часот по локално време, а прво во канцилариите на Сингапур.

Гневот кај вработените дојде до точка на вриење во текот на изминатата недела кога на еден од високите раководители, обвинет за сексуална злоупотреба, му беа исплатени 90 милиони долари да ја напушти компанијата, и покрај тоа што Гугл ја потврди веродостојноста на обвиненијата против него. Енди Рубин, познат како креаторот на Андроид оперативниот мобилен систем, ги отфрлаше обвинувањата. Пред два дена, уште еден раководител даде оставка. Ричард Де Вал, наводно ги заведувал жените кои ги интервуирал за работа во неговиот оддел, со тоа што им предлагал како да се постават на интервјуто. Де Вал не ја коментираше својата оставка, но го нарече инцидентот „погрешна проценка“. Најмалкуѕ 48 вработени се обвинети за сексуална злоуптреба на жените во фирмата.

Како прилог на денешниот протест секој вработен на својата работна маса ќе остави порака до колегите која ќе гласи „не сум на работната маса бидејќи излегов со другите Гуглери да протестирам за сексуалната злоупотреба, непристојно однесување, недостиг на отвореност, и работна култура која не се применува“.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ