
Село во БиХ забрани влез на политичари пред изборите
„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, стои на транспарентите кои се постравени на плоштадот во селото Подгора во Босна и Херцеговина, во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела..
Селото со 700 жители се наоѓа недалеку од Сараево и го отсликува општото незадоволство од политичарите. Во земјата, помалку од 20 проценти од граѓаните има доверба во нив, според едно од последните истражувања на Друштвото на новинари на БиХ.