
20 индиски војници убиени во судир со кинески сили во регионот Кашмир
Најмалку 20 индиски војници ги загубиле животите во судир со кинеските сили во Ладак, во конфликтниот регион Кашмир, потврдија индиски официјални претставници.
Борбите следат по растечките тензии во последниот период и ова е првиот смртоносен судир во граничната област во последните 45 години.
Индиската армија првично соопшти дека тројца нивни војници биле убиени, додавајќи дека двете страни имаат жртви.
Сепак, подоцна, официјални извори потврдија дека поголем број критично ранети војници им подлегнале на повредите. Индија ја обвини Кина дека го прекршила договорот меѓу двете воени супер сили за почитување на линијата на поделба во долината Галван.
Кина официјално не потврди дека има жртви меѓу сопствениот воен персонал, но ја обвини Индика дека ја преминала границата меѓу двете држави и прешла на кинеската страна