Полицијата ќе ги шета непослушните повозрасни граѓани во Швајцарија

Последната мерка како одговор против зарзата ковид 19 ја соопшти Швајцарската влада. На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а најважното е дека ќе бидат придружувани од полицијата.

Одлуката е донесена откако припадниците на најризичната категорија на граѓани не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата со новиот коронавирус.

Швајцарските власти соопштија дека повозрасните лица не се придржувале до превентивната мерка против Ковид-19.

Во Швајцарија регистирани се 4.222 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 43 починале.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ