17 мртви во Мозамбик откако ѓубре затрупа повеќе куќи

Најмалку 17 лица загинаа денеска, а неколкумина се повредени во Мапуто, главниот град на Мозамбик, откако 15 метри висок куп отпад и ѓубре затрупа седум куќи.

Несреќата се случи околу три часот по полноќ по локално време во сиромашната населба Хулена. Куќите биле нелегално изградени, а властите во неколку наврати побараа жителите да ги напуштат.

– Досега се пронајдени 17 тела. Стравуваме дека има уштре. И натаму трае потрагата по затрупаните под купот ѓубре, изјави локалниот функционер Деспедида Рита.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ