
Во татковината на Папата абортусот останува нелегален
По маратонската расправа во аргентинскиот парлемент одбиен е предлог законот за легализација на абортусот до 14 недела од бременоста. Иако се најавуваше дека голем дел од сенаторите ќе гласаат ЗА, и со тоа Аргентина ќе направи историски чекор, и покрај силниот притисок од црквата – тоа не се случи. Дебатата траеше до доцна во ноќта. 15 часа предлагачите се обидуваа да укажат на последиците од нелегалниот прекин на бременоста.
- Да не бидеме лицемерни. Абортусот постои. И ако имаш пари, оди и плати. Проблемот се жените кои не можат да платат. Не бидете лицемерни, зашто од друга страна сиромашните жени кои страдаат од компликациите од пост-абортусот, плаќаат со нивните животи, вели сенаторката Норма Дуранго.
Расправата за законот ја подели татковината на папата Франциск. Бискупите им се закануваа на пратениците кои ќе гласаат ЗА законот дека ќе ги исфрли од Црквата..Се појавија две движења. Протестите на „Зелениот бран“ – кои пропагираат слобода на изборот, дури се проширија и Бразил и Чиле, каде врховниот суд одлучува за рестрикции во прекинот на бременоста. Но, по донесената одлука, пред парламентот во Аргентина најмногу се радуваа анти-абортус активистите.
- Ова е закон против животот од самиот негов зачеток, против жените. Затоа, славиме денеска, ја славиме демократијата, федерализмот, и двата живота, животот на жената и на нероденото дете, смета оваа анти-абортус активистка.
Во моментов, во Аргентина абортусот е дозволен само во случај на силување или ако бременоста го загрозува животот на мајката. Но, тоа мора да се промени, сметаат поддржувачите на законот. По одлуката, скандираа дека нема да се откажат, и се судрија со полицијата, која со солзавец мораше да ги растера од пред парламентот. За законодавците, борбата за легализација на абортусот е прашање на јавносот здравство. Во Аргентина годишно се извршуваат 350 илјади незакоснки абортуси, а од компликации минатата година умреле 43 жени. Во Латинска Америка абортусот е легализиран само во Куба, Уругвај и во Гвајана.
Алиса Шутиноска