
Тајните служби во странство од бегалците Груевски, Грујовски и Бошкоски не бараат податоци за овоштарство туку информации од УБК и политиката
Екс разузнавачот Зоран Верушевски, кој е актуелен советник на премиерот Заев ги обвини бегалците Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошкоски (кого не го знаел лично) дека со информации од државната безбедност „купуваат“ повластен третман во државите каде се избегани. На прашањето на обвинителката Ленче Ристовска за неговиот исказ од претходното рочиште „дека документацијата претрпела страотни модификации“, Верушевски не одговори директно туку ги обвини тројцата избегани дека даваат полезни информации на државите каде што се.
-Не верувам дека некој ќе ги праша за придонес на овоштарството во македонскиот БДП или пак за туризмот, туку ќе ги прашаат за тоа каква опрема е користена во УБК, каков е капацитетот на системот за безбедност и на припадниците на служба, и одговори со професорски поуки Верушевски на обвинителката.
Верушевски првин во завиена форма, но потоа и директно го обвини екс премиерот Никола Груевски дека е организатор на нелегалното прислушување и дека со себе има однесено многу повеќе материјали отколку има во СЈО. Колку однел ќе се покажело со вештачењето на обвинителството во процесот. За истото ги обвини и другите бегалци, Горан Грујовски и Никола Бошкоски.
Миомир Серафиновиќ