СДСМ: Со влез во ЕУ и НАТО македонскиот идентитет ќе биде загарантиран

Владејачката партија СДСМ тврди дека македонскиот идентитет ќе биде заштитен и гарантиран, а дека со членството во ЕУ и НАТО ќе се обезбеди стабилност, безбедност и просперитет со повеќе инвестиции и повеќе пари во економијата.

„Македонија се гради како модерна, демократска и европска држава идна полноправна членка на ЕУ и НАТО. Членството во НАТО значи загарантирана стабилност и безбедност. Но значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа значи повеќе пари во економијата, новиподоброплатени места и повисок животен стандард за сите граѓани. Членството на Македонија во ЕУ пак, гарантира силни институции, правна држава, зголемена мобилност и еднакви шанси за сите. Членството во ЕУ е пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европско образование, европско здравство за сите граѓани на Република Македонија. Она што е најважно, со влезот на Македонија во ЕУ И НАТО македонскиот идентитет е загарантиран. Македонски народ, македонски јазик, Македонец , Македонка се заштитетени и зајакнати еднаш засекогаш и никој никогаш нема да може да ги оспорува или негира“ соопшти СДСМ.

Затоа од СДСМ, како што велат се убедени дека граѓаните ќе кажат ДА за Европска Македонија и за влез во НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ