
Предметите на СЈО тргнаа, но останаа привремено кај досегашните обвинители
Јовески утрово влезе во обвинителството на Јанева. Го договори трансферот и започна преземањето на предметите на СЈО. Но предметите нема да се селат физички од СЈО, се предава надлежноста. По 2 часа Јовески си замина и зад себе остави комисија формирана од обвинители на кои им дал и упатство за работата која треба да ја завршат до крајот на денот. Следен чекор е попис на сите предмети и материјали а потоа секој предмет да се распределува по обвинителства согласно надлежноста.
До тој момент преземените предмети остнауваат кај јавните обивнители од СЈО кои досега постпаувале по предметите. На сила се безбедносните мерки и вантешната процедура во длеот на безбедносните прашања и ракување со предметите, изјави од пред СЈО Јовески.
Од следната недела на помошниците на Јанева шеф ќе им биде Јовески. Кој каде ќе ја пордолжи кариерата, дали во обивнителствата од каде што дошле или на други позициии, ќе одлучи Советот на јавни обвинители.
И под палката на Јовески предметите на СЈО кои се фаза на судење остануваат со бомбите како докази. Оние прислушувани разговори кои до сега не биле употребени во ниту едно судење или истрага, остануваат во објектот на Рузвелтова со зајакната безбедносна процедура.
Ние ги преземаме предметите кои се во судска постапка, ги преземаме предметите кои се во фаза на истрага и предистрага. Познато е дека има веќе став на судовите дека тие докази ги прифаќаат како докази и ние ќе ги користиме натаму во постапката, но сепак разбирам дека одбраната може да има и поинакво гледање на нивната валидност но затоа судовите во конкретниот процес ќе носат соодветни одлуки, истакна Јовески.
Трансферот на предметите во републичкото обвинителство овозможува да има завршница на случаите на СЈО и со тоа се отстрани и можноста, начелното правно мислење на Врховниот суд, да влијае негативно врз истрагите, оцени министерката за правда Дескоска
Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15-ти септември да нема специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година, тој план направи штета, но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во Републичкото јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за какво било негативно влијание од мислењето на Врховниот суд, истакна Дескоска.
Владеењето на правото е срцето од процесот на проширувањетто на ЕУ истакна евроипмбасадоро Самуел Жбогар и истакна дека ов моментот политиката и судството се на раскрсница
Начинот на кој случаите на криминал откриени преку прислушуваните разговори и неодамнешниот случај на корупција ќе бидат разрешени или ќе ја врати довербата во политиката и институциите или пак ќе ја загуби за многу долго време. Се уште не е постигнат договор за решението за иднината на канцеларијата на Специјалното обвинителство. Но ако не биде постигнато решение – тоа не е решение. Подобро поскоро отколку подоцна, политиката треба да се согласи за начинот на кој овие случаи ќе продолжат на доверлив и независен начин, изјави Жбогар.
Приоритет при распределбата ќе имаат предметите што се во фаза на судења, за да може само неколку одложувања да продолжат процесите, вели државниот обвинител. Новонастаната состојба продолжи да се отсликува во судниците. Денеска се одложија случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ за изборните злоупотреби и „Тортура“ за апсењето на Бошкоски.
Елена Ивановска Мукоска