Почна вториот круг за избор на претседател, мирно и без проблеми

Почна вториот круг гласање за петтиот избор на претседател на државата. На избирачкото место 2638 во ОУ Петар поп Арсов, во населбата Карпош 4, кое утрово го посетивме, според претседателката на избирачкиот одбор, отворањето на избирачкото место започнало на време во 7 часот и без проблеми како и во првиот круг и очекуваат така да биде во текот на целиот изборен ден.

Граѓаните кои од утрово го остварија правото на глас, се поделени околу очекувањата од новиот претседател на државата.

Гласањето на избирачкото место 2638, како и на останатите 3479 избирачки места низ државата, ќе трае до 19 часот. Овдека право на глас според избирачкиот список треба да остварат вкупно 784 гласачи.

 

Сотир Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ