Оштетена сто години старата црква во Долно Српци по удар од гром

Гром удри во стотина години старата црква Св. Теодор Тирон во Пелагониското село Долно Српци, кое синоќа  прд полноќ беше погодено од силно невреме. Од молњата изгоре  електричната инсталација,  испукаа и потемнаа ѕидовите на овој верски објект, искршени се сите прозорци, оштетени се скалите во внатрешноста,  лустери и други  предмети.  Оштетувања има и во помошните простории во дворот,   а без струја остана половина село.

-Сношти беше страшно, имаше силни грмотевици, не се излегуваше надвор. Кога дојдовме сабајле видовме дека црквата е уништена, Зоран Ристевски, жител на Долно Српци.

-Излегов  ноќеска околу 2 часот, видов дека жиците се усвитени, но немаше што да се направи, рече Трајче Велјанчевски, жител на Долно Српци.

Црквата била целосно обновена пред 8 години, а сега од Црковнит одбор бараат парите што треба државата да  ги исплати  за денационализација на  црковно земјиште во Долно Српци, да се наменат за обнова на црквата.

-Од Министерсвото за финансии ни се одобрени 42.000 евра, кои треба да се префрлат. Бараме владиката Петар да ни излезе во пресрет и да ни помогне со тие пари да ја реновираме црквата, рече Илче Дамевски, член  на Црковен одбор на црквата.

Владиката Петар не сакаше да одговори дали Препанско пелагониската епархија ќе помогне во обнова на црквата. Рече дека ќе му одговори на црковниот одбор откако ќе достават официјално барање до епархијата.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ