Јанева забранила стан на осомничен да се замрзне, го купил нејзин пријател

Пријател на Катица Јанева купил стан што бил дел од имотот на фирма од истрага на СЈО. Ова денеска го сведочеше обвинителот Бурим Рустеми, на рочиштето во случајот Рекет. Но и за сведокот не било чудно однесувањето на Јанева, која наредила да се замрзне целиот имот на осомничениот бизнимен Томе Главчев, само не станот кој го купил пријателот.

Бурим Рустеми – сведок и обвинител: После неколку месеци разговарајќи со обвинителката Лиле Стефанова, дознав дека бившиот директор на МЕПСО, Сашо Василевски кој беше и член на Советот на јавни обвинители го купил станот. Оваа информација не беше пријатна за мене.

Инаку Рустеми уште сведочеше дека водејќи ја истрагата за Поштенска банка немал никакви влијанија од Јанева. Единствено кога побарала да им се врати пасошот на осомничениот бизнисмен Главчев. И тој потврди дека специјалната обвинителка сакала да наплати штета од осомничениот, за да не оди во затвор за што обвинителот изготвил извештај. Се се случувало после мислењето на врховниот суд на почетокот на 2018 за кое СЈО имало став дека е амнестија слична на онаа од Иванов.

Истрагата Поштенска Банка не е опфатена во случајот рекет, во кој Јанева се товар идека земала пари за да овозможи поблаги мерки за осомничен во Империја. Двете сега се дадени кај обвинителите кои ги работеа додека СЈО постоеше а сега се дел од државното обвинителство.

За разлика од вчерашното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, денешното на Рустеми помина мирно и без навреди од Јанева. За утре е закажано ново рочиште на кое меѓу другите ќе сведочи и пријателката на Боки 13, Лила Стојановска, како и дел од обвинетите исто така за рекет, но во Меѓународниот сојуз на Боки.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ