
Израел не дозволи влез на двете американски конгресменки
Израел одлучи да не дозволи посета на американските конгресменки Рашиди Тлаиб и Илхани Омар. Не можеме да им дозволиме да влезат, е соопштението од израелското МНР. Одлуката е донесена откако американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Израел ќе покаже „голема слабост“ доколку им дозволи на конгресменки Тлаиб и Омар да ја посетат светата земја.
„Тие го мразат Изарел и еврејскиот народ, и тука нема што да се каже или направи за да се сменат нивните ставови“ напиша Трамп на Твитер. Нарекувајќи ги двете членки на американскиот Конгрес од Демократската партија „недраги“, Трамп напиша дека на нивните матични држави, Мичиген и Минесота, „ќе им треба многу време да ги вратат на работа во канцелариите“. Двете конгресменки, кои Трамп постојано ги критикува, планираа да ги посетат окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Тлаиб и Омар јавно лобираат во Конгресот да прекине меѓународната поддржка за Израел поради нивниот однос кон Палестинците.