Измами со огревно дрво ги горат постарите  

Измами со огревни дрва продолжуваат. Во полицискиот билтен се наведени два случаи кога повозрасни граѓани биле измамени со понуда да купат поефтини дрва.

63-годишна скопјанка од Аеродром пред три дена му дала на наводен продавач 14 илјади денари за 5 кубика дрва. Но откако измамникот не се вратил таа го пријавила во полиција.

67-годишен велешанец пак пријавил дека завчера продавач му ветил два кубни метри огревно дрво по цена од 4.700 денари, но откако ги зел парите не се појавил.

Вакви измами се се почести како што се приближува грејната сезона. Главно на удар се постари граѓани.

Надлежните апелираат на внимателност особено во случај кога дрвата се нудат за многу поефтина цена од пазарната.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ