Детонатор повторно „пука“ во источна Македонија – се пресметувале обвинет и сведок

Жан Железарски и Дејан Митев – Жаба рано утринава пред казино во Виница расчистувале стари сметки. Полицијата не потврдува, но според информациите до кој дојде Телма во пресметката учествувале по три лица од двете страни. Јавноста ги знае од случајот „Детонатор“, Железарски се најде меѓу обвинитетите, а Митев беше еден од главните сведоци во случајот.

Според соопштението од СВР-Штип, тепачката меѓу двете групи од Кочани и Виница се случила во 4 часот и 20 минути пред казино, кај автобуската станица во Виница, еден од учесниците се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата работи по насоки на јавен обвинител, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на учесниците во тепачката, кои се во бегство.

На Железарски заедно со уште петнаесетмина им се судеше за рекетирање, лихвраство, подметнување на бомби во случајот познат како „Детонатор“, на двајца им беше изречена и доживотна казна затвор. Обвинитите тогаш потенцираа дека се жртви на Драганчо Стојменов познат како Дацо Белски, кој сега е во бегство, откако пред пред два месеца во кафана во Кочани пукаше во поранешниот пријател Драган Здравев познат како Дач.  Дејан Митев познат како Жаба се поврзува со поранешниот телохранител на Мијаков бегалецот Драганчо Стојменов и е еден од оние кои што влегоа во Собранието на 27 ми април.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ