
Дебата на кандидатите за премиер на Велика Британија околу Брегзитот
Кандидатите за нов лидер на Конзервативната партија и по автоматизам, нов Премиер на Велика Британија, учествуваа синоќа на телевизиска дебата, на која жестоко го критикуваа анти-ЕУ политичарот и лидер на партијата за Брегзит, Најџел Фараж, за тоа како Обединетото Кралство треба да ја напушти Европската Унија.
Министерот за надворешни работи, Џереми Хант, за животна средина Мајкл Гоув, за внатрешни работи, Саџид Џавид, поранешниот секретар за Брегзит Доминик Рааб и секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт беа дел од дебатата која ја одржа британската телевизија Канал 4.
Сите тие беа соочени со прашања и од публиката а најголем интерес имаше за тоа како планираат да го одржат клучното ветување: да го одблокираат процесот на Брегзит и да ја изведат Британија надвор од Европската Унија.
Кандидатите исто така го обвинија и фаворитот за премиерската функција, Бориџ Џонсон, за бегање од судот на јавноста, откако тој одби да учествува во дебатата, тврдејќи дека со толку кандидати расправата би била какофонична.
313 пратеници на Ториевците оваа недела преку серија гласања треба да го намалат бројот на кандидати а за последните двајца преостанати кандидати ќе се изјаснуваат околу 160 000 членови на Конзервативната партија.