Пендаровски: Нема потреба од кризна или вонредна состојба

Државата се однесува соодветно на здравствените ризици на кои се изложени граѓаните и нема потреба од прогласување кризна состојба на целата територија или вонредна состојба. Ова е заклучокот на Советот за безбедност, по двочасовниот состанок кај претседателот Пендаровски.

Ако има потреба, Владата може да прогласи кризна состоја и во други општини или да воведе порестриктивни мерки. Компаративно, некои наши мерки ги надминуваат мерките на многу држави кои тие ги нарекуваат вонредна состојба, вели претседателот Пендаровски. Затоа, според него небитно е како ќе се нарече таа состојба – важни се ефектите што треба да се постигнат.

Претседателот очекува партиите утре да се договорат за одложување на изборите. Неговото правно мислење, спротивно на спикерот Џафери, е дека пратениците може да ја повлечат претходната одлука за распуштање.

Пендаровски најави дека Советот за безбедност ќе го следи развојот на ситуацијата 24 часа дневно а по потреба ќе се состанува секој ден, ако треба и два пати дневно. Порача дека нема да има криза во снабдувањето со лекови и енергенси и дека граѓаните треба безусловно да ги почитуваат мерките што ги препорачуваат здравствените власти.

Соња Николовска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ